Путин: Нема тајни, ќе ги известиме Кина и САД за резултатите од самитот

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека ќе ги информира Кина и САД за резултатите од самитот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Дури и Ким не замоли да ги информираме Американците за неговите ставови и за прашањата кои му се наметнуваат поврзани со процесите кои се одвиваат на Корејскиот Полуостров и околу него, истакна Путин.
Тој додаде дека „Русија е отворена, нема тајни и заговори“.

Првата средба помеѓу Путин и Ким траеше околу два часа, двојно повеќе од предвидените 50 минути.

Претходно, Путин изјави дека разговорот во четири очи со Ким бил темелен.

– Разговаравме за состојбата на Корејскиот Полуостров и разменивме мислења за мерките што треба да се преземат за да се подобри таа состојба, рече Путин.

Ким изјави дека неговиот дијалог со рускиот претседател Владимир Путин бил конструктивен и оти и натаму ќе продолжи така.

– Се надевам дека нашите преговори ќе продолжат во иста насока, како плодни и конструктивни, нагласи Ким.

По средбата, рускиот претседател приреди прием во чест на севернокорејскиот лидер.

– Сметаме дека не постои и не може да постои алтернатива на мирното решавање на нуклеарното и другите прашања во регионот, истакна Путин.

Тој порача дека Русија е подготвена да ја продолжи соработката за да се намали тензијата на Полуостровот и да се зголеми безбедноста во Североисточна Азија.

Би можело да ве интересира

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ

Освен Кина, Русија има уште еден моќен сојузник

Предраг Петровиќ

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“