Путин не им честита Нова година на Бајден, Макрон и на Шолц

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин нема да им ја честита Новата година на американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти денеска Кремљ.

„Овие колеги не ни честитаат ништо. Всушност, ние немаме контакт со нив. А имајќи ги предвид непријателските потези што постојано ги преземаат, претседателот нема да им честита“, изјави за новинарите Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.

Путин испрати новогодишна честитка на адреси на неколку светски лидери блиски до Кремљ. Според списокот што денеска го објави неговиот кабинет, станува збор за кинескиот претседател Си Џинпинг, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, сирискиот претседател Башар ал Асад, претседателот на Венецуела Николас Мадуро и индискиот премиер Нарендра Моди.

Тој им честиташе и на Силвио Берлускони и на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме никој да ни се заканува

Горан Наумовски

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин