Путин: Нашиот извоз на оружје е 15 милијарди долари и покрај притисоците врз купувачите

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е задоволен од рускиот извоз на оружје во светот, кој изнесува 15 милијарди долари, и покрај тоа што, според него, нефер конкуренцијата им се заканува и ги уценува купувачите.

-Во изминатите години, количината на извоз на воени добра е на стабилно високо ниво, достигнувајќи (вредност од) речиси 15 милијарди долари, изјави Путин на состанокот на Комисијата за военотехничка соработка на Русија со странство.

Тој рече дека Русија внимателно ќе ги следи трендовите на глобалниот пазар на оружје, а на своите партнери ќе им нуди нови флексибилни и погодини форми на соработка.

-Ова е особено важно со оглед на актуелните услови, во кои нашите ривали жестоко прибегнуваат кон нефер методи на конкуренција. Тие се обидуваат да вршат притисок и да ги уценуваат купувачите, особено користејќи ги мерките политички мотивирани санкции, со цел да ја наметнат сопствената воена опрема, иако таа е поскапа и послаба во однос на нашата по прашање за квалитет, рече Путин.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија