Путин ќе ја намали платата на администрацијата за 10 проценти

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин одлучи платата на вработените во администрацијата на претседателот да се намали за десет проценти, за што денеска ги извести членовите на Советот за безбедност при Русија, изјави секретарот на шефот на државата, Дмитриј Песков.

Тој денеска одржал оперативен состанок со постојаните членови на Советот за безбедност при Русија, пренесе „Риа новости“.

-Надвор од контекстот на дневниот ред на состанокот, Путин ги извести членовите дека донесе одлука за платата на администрацијата-рече Песков.

Тој додаде дека покрај ова на состанокот се зборувало и за низа други актуелни социјално-економски прашања.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија