Путин ја поздрави победата на Рохани на претседателските избори во Иран

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин испрати писмо до актуелниот претседате на Иран Хасан Рохани, во кое му ја честита убедливата победа на претседателските избори во земјата, соопшти прес-службата на Кремљ.

Рускиот претседател потврди дека е подготвен да ја продолжи активната заедничка дејност за понатамошен развој на руско-иранското партнерство, како и за билатералните односи, стои во соопштението.

Путин додаде, дека е убеден за понатамошното успешно спроведување на руско-иранските аранжмани во интерес на пријателските народи во двете земји, во духот на напорите за одржувањето на стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток и во целиот свет.

Претходно денеска, Министерството за внатрешни работи во Техеран соопшти дека актуелниот ирански претседател Хасан Рохани победил на вчерашните претседателски избори во Иран.

Според неофицијалните конечни резултити од изборите, 68-годишниот Рохани од умерената исламиска Партија на умереноста и развојот (ХЕТ) освоил 56,88 проценти од гласовите, со што извојува победа уште во првиот круг.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски