Путин им се обрати на Русите и на Украинците: Ќе победиме, исто како во 1945 година

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „како и во 1945 година, победата ќе биде наша“, давајќи споредба меѓу настаните од Втората светска војна и конфликтот во Украина, во пораката испратена во пресрет на Денот на победата над фашизмот.

– Денес нашите војници, како и нивните предци, се борат рамо до рамо за да ја ослободат својата татковина од нацистичката нечистотија, убедени дека, како и во 1945 година, победата ќе биде наша, истакна Путин во денешната порака до жителите на поранешниот советски блок, како и оние од сепаратистичките региони на источна Украина.

– Наша заедничка должност е денес да го спречиме заживувањето на нацизмот, кој предизвика толку многу страдања на народите од различни земји, додаде рускиот претседател, изразувајќи желба „новите генерации да бидат достојни за споменот на нивните татковци и дедовци“.

Заедно со војниците, Путин ги спомена и цивилите кои делуваа одвнатре, „и тие го скршија нацизмот“ и покрај безбројните жртви.

– За жал, нацизмот повторно се издигнува денес. Наша света должност е да ги спречиме идеолошките наследници на поразените да се одмаздат во Големата патриотска војна, нагласи Путин во дел од говорот упатен до Украинците.

Тој на сите луѓе во Украина им посака „мирна и праведна иднина“.

Москва утре со голема воена парада ќе ја одбележи победата над нацистичка Германија. Руското оправдување за инвазијата врз Украина на 24 февруари се оправдува со желбата за „демилитаризација“ и „денацификација“ на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов