Путин и се закани на Европа во однос на гасот: Последиците ќе бидат крајно болни

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Европа нема друга алтернатива освен да продолжи да ја користи руската енергија, предупредувајќи на „исклучително болни“ економски последици доколку континентот се обиде да го прекине снабдувањето со нафта и гас.

– Едноставно нема разумна замена за Европа, рече Путин во обраќањето од својата резиденција во близина на Москва.

– Едноставно нема резервни количини на глобалниот пазар, а испораките од други земји, пред сè од САД, кои би можеле да бидат испратени во Европа многукратно повеќе ќе ги чинат потрошувачите.

Лидерите на земјите од ЕУ се обидуваат да ја намалат зависноста од руската енергија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше земјите како Германија кои се против целосна забрана на руската нафта и гас – велејќи дека имаат крв на рацете.

Сепак, Путин исто така призна дека има „проблеми со плаќањата на руските извозни енергенси“ бидејќи банките од „непријателските земји“ го одложуваат трансферот на средствата.

– Како што многупати кажавме, тука најголем проблем е нарушувањето на извозната логистика, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Путин: Силите за специјални операции се ударната сила на Русија

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски