Путин и Меркел загрижени поради ескалација на тензиите во источна Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел се „загрижени поради ескалација на тензиите“ во источниот дел на Украина, соопшти денеска Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.

Путин инсистирал на одговорност на Киев, „чии провокации се насочени кон намерно влошување на ситуацијата“.

Украина и Западот, меѓутоа, ги обвинуваат проруските сепаратисти и Москва дека предизвикуваат судири и тензии.

Според Кремљ, двајцата лидери повикаа на „воздржаност и активирање на преговарчкиот процес“, додека мировните преговори меѓу Украина и Русија, со француско-германско посредство, заглавиле во ќорсокак.

Последниот самит е одржан во декември 2019 година и оттогаш не е забележан ниту еден конкретен политички напредок, а нови состаноци не се планирани.

Путин и Меркел разговарале и за уапсениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, за судирите во Сирија и за ситуацијата во Либија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина