Путин и Ердоган планираат да разговараат оваа недела

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира оваа недела да разговара со својот руски колега Владимир Путин за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и воопшто за војната во Украина, јавува руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на дипломатски извор.

Ердоган ќе разговара со Путин и за резултатите од разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Лавов, како и дека ќе побара од рускиот претседател да преземе конкретни мерки за решавање на ситуацијата во Запорожје.

„Турција продолжува да ја игра својата чесна посредничка улога во овој конфликт, бидејќи е единствената земја што ја доби довербата од двете страни“, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме