Путин и Абе се заложија за забрзување на решавањето на територилајниот спор

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска се договорија за забрзување на процесот на преговори за надминување на територијалниот спор меѓу двете земји, стар повеќе од 70 години, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков по средбата на двајцата лидери во Сингапур.

По Втората светска војна, тогашниот Советски Сојуз, чиј правен наследник е Русија, и Јапонија не потпишаа мировен договор, поради спорот околу суверенитетот над Курилските Острови, кои Јапонците ги нарекуваа „Северни Територии“. Кон крајот на Војната, советските војници ги окупираа Остравите и го протераа локалното јапонско население. Од тогаш Островите се под контола на Москва, но Токио не го признава рускиот суверенитет врз нив.

По денешната средба, Абе изјави дека врз основа на изградената доверба со Путин, можно е наскоро решавање на територијалниот спор и склучување на мировен договор меѓу Јапонија и Русија.

Тој најави и дека одново ќе се сретне со Путин на Самитот на Г-20, што ќе се одржи во јапонскиот град Осака во јуни следната година, како и дека пред тоа планира да ја посети Русија за преговори на високо ниво.

Путин и Абе утре во Сингапур ќе им се приклучат на учесниците на Самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН). На средбата е предвидено присуство и на американскиот потпретседател Мајк Пенс, како и на високи претставници на Кина и Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија