Путин го покани Ердоган во следните денови да ја посети Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го покани својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган да допатува во работна посета на Русија и поканата беше прифатена, соопшти прес службата на Кремљ, пренесе Тасс.

„Владимир Путин го покани Реџеп Тајип Ердоган во следните денови да оствари работна посета на Русија. Поканата е прифатена“, се наведува во соопштението.

Освен тоа, во него се наведува дека лидерите на двете земји се изјасниле за продолжување на процесот на политичко надминување на конфликтот во Сирија и ја изразиле својата намера на крајот на октомври во Женева да го овозможат свикувањето на Уставниот комитет под патронат на ОН. Претседателите, исто така, ја потврдиле својата посветеност за обезбедување на територијалната целост на Сирија, соопшти прес службата на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски