Путин ги посети руско-белоруските маневри „Запад 2017“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети Лужскиот Полигон, каде се одржуваат еднонеделните заеднички вежби на армиите на Русија и Белорусија „Запад 2017“.

За време на посетата на Путин учесниците на воените маневри демонстрираа тенковски и воздушни напади и десант. Во рамки на денешните вежби беше истрелана и ракета која погоди обележана цел во Казахстан, со што беше демонстрирана способноста на руските сили за извршување на ракетни напади со голема прецизност.

Лужскиот Полигон полигон се наоѓа во западна Русија на околку 100 километри од руско-естонската граница.

На вежбите, кои траат од 14 до 20 септември, официјално учествуваат 5.500 руски и 7.200 белоруски војници, меѓутоа според проценки на некои земји членки на НАТО, во маневрите се вклучени и до 100.000 припадници на вооружените сили на двете земји.

Маневрите предизвикаа загриженост меѓу некои од членките на НАТО, пред се на Полска и балтичките држави, кои обвинуваат за нетранспарентност при нивното одржување и ги оценија како обид за директен притисок врз нив.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Додик отпатува за Русија