Путин денеска ќе ги надгледува вежбите на руските нуклеарни сили

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ги следи вежбите на руските нуклеарни сили, во чии рамки е планирано лансирање на балистички и крстаречки ракети, јавија руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Според Министерството, вежбите за стратешко одвраќање „се планираат однапред поради проверка на подготвеноста на воените командни центри, лансирните борбени тимови, екипажите на воените бродови, носачите на ракети за извршување на доделените мисии, како и доверливоста на нуклеарното и конвенционално оружје“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин ќе ги следи вежбите на силите за стратешко одвраќање од Центарот за контрола на ситуацијата при Министерството за одбрана.

– Путин најверојатно ќе биде во Центарот на контролата на ситуацијата. Таквите вежби и лансирни тестирања секако не можат да се одржат без шефот на државата. Запознаени сте со познатиот нуклеарен куфер, црвеното копче и така натаму, истакна Песков.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека заедно со неговиот руски колега ќе учествува во набљудувањето на воените вежби.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани