Путин: Црната кутија да се отвори со присуство на меѓународни експерти

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин му наложи на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да ја отвори црната кутија на воениот авион Су-24 што го соборија турските сили, но исклучиво во присуство на меѓународни експерти.

– Што се однесува до црната кутија, сега ќе ја погледнеме. Дали ја отворале, запраша Путин на состанокот со министерот за одбрана.

Путин замоли кутијата се уште да не се отвора.

– Отворете ја само заедно со странски експерти, се треба внимателно да се забележи, наложи претседателот на Русија.

– Дешифрирањето на податоците од црната кутија на бомбардерот Су-24, ќе помогнат да се одреди точната маршрута на неговото движење, каде се наоѓал во моментот кога е соборен, каде му е точно нанесен „предавничкиот удар“, рече Путин.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија