Путин бара од Израел да не и продава оружје на Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Израел да не и продава оружје на Украина, како одговор на решението на Москва да му достави противракетен одбранбен систем на Иран, објавија денеска израелксите медиуми.

– Тоа е избор на израелското раководство, Нивно право е да го прават она што мислат дека е соодветно. Ако оружјето (што сакаат да продадат) е смртоносно, тоа ќе биде контрапродуктивно. Тоа ќе доведе до нова рунда судири и ќе се зголеми бројот на жртвите, а резултатот ќе биде ист, оцени Путин.

Според израелскте медиуми, реакцијата на Путин уследи по осудата на руската одлука за продажба на ракетните системи С-300 на Иран, од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху, кој оцени дека со ваквото оружје само ќе биде поттикната иранската регионална агресивност.

– Израел е сериозно загрижен поради руската достава на ракети С-300 на Иран, во време кога Техеран постојано ја зголемува својата агресивност во регионот, изјави Нетанијаху.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија