Пуџдемон се прогласи „претседател на Каталонија во егзил“

Од:

Разрешениот каталонски регионален премиер Карлес Пуџдемон, кој се наоѓа во Белгија, отвори нова интернет страница на која се претставува како „претседател на Каталонија во егзил“.

Интернет страницата president.exili.eu е отворена откако шпанската Влада ја затвори досегашната интернет страница на каталонската Влада, паралелно со нејзиното разрешување, распуштањето на Парламентот и распишувањето на нови избори.

Пуџдемон најави дека за независноста на Каталонија ќе продолжи да се бори од Белгија, каде вчера одржа прес конференција. За денеска се очекува да им се обрати на новинарите од белгиската област Фландрија, во која исто така се активни сепаратистички движења.

Пуџдемон и голем дел од регионалните каталонски власти се соочуваат со обвиненија за бунт и антидржавни активности, кои ги поднесе шпанското јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба