Пуџдемон: Пресудата за каталонските лидери е сурова

Од:

Поранешниот лидер на регионалната каталонска влада Карлес Пуџдемон ја нарече „свирепа“ пресудата на Врховниот суд на Шпанија со која деветмина каталонски лидери се осудени на затворски казни.

„Време е за реакција….. за иднината на нашите синови и ќерки. За демократијата. За Европа. За Каталонија“, напиша Пуџдемон на Твитер.

Пуџдемон го водеше овој шпански регион во време кога имаше обид за прогласување независност во 2017 година, за кое и им се судеше на каталонските лидери, пренесуваат британските медиуми.

Медиумите потсетуваат дека нему не му се суди бидејќи побегнал во Белгија, каде живее во егзил.

Шпанскиот Врховен суд денеска осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти за човекови права на казни од девет до 13 години затвор заради нивната улога во неуспешното прогласување на независниста на Каталонија во 2017 година.

Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни, пренесоа британските медиуми.

Поранешниот претседател на каталонската Влада Ориол Хонкурес е осуден на 13 години зтавор заради бунт и злоупотреба на јавните фондови, наведуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гневните жители на Барселона ги прскаа туристите со вода

(ВИДЕО) Сурова и брутална традиција: Шестмина повредени на првиот ден од трките со бикови во Памплона

Катерина Ѓуровски

Голем протест против масовниот туризам во Малага

Горан Наумовски

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео