Разрешениот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон од Белгија ја започна кампањата за каталонските избори кои што треба да се одржат на 21 декември.
– Дали ќе ги прифатите изборните резултати на 21 декември ако победат тие кои се залагаат за независност? Дали ветувате дека ќе се откажете од директна контрола над каталонската влада ако тоа биде резултатот, упати прашања Пуџдемон до официјална Шпанија и ЕУ, зборувајќи пред своите приврзаници во Осткамп, во близина на Бриж, Фландрија.
Пуџдемон истакна дека декемвриските избори се најважни во историјата на Каталонија.
Тој во моментов се наоѓа во Белгија, а Шпанија распиша потерница по него и по неговите соработници.
Според анкетите во Каталонија се очекува да победат партиите кои се залагаат за независност.