Пучдемон не е повеќе претседател на сепаратистичка партија Заедно за Каталонија

Од:

Карлес Пучдемон најави дека се повлекува од функцијата претседател на каталонската сепаратистичка партија Заедно за Каталонија и на негово место треба да биде именувана Лаура Борас.

Во октомври 2017 година во Каталонија се одржа референдум за независност и покрај противењето на централната власт во Мадрид. Тогаш каталонскиот Парламент прогласи независност. Поради тоа владата на тогашниот шпански премиер Маријано Рахој ја суспендираше автономијата на Каталонија, ја промени владата, го распушти парламентот и воведе директна управа на Мадрид во тој регион.

Во меѓувреме, Пуџдемон, тогашниот лидер на покраината, побегна од Шпанија во Белгија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба