Птичји грип регистриран на огромна фарма за кокошки во Ајова

Од:

Птичји грип беше регистриран на голема фарма за кокошки несилки во американската држава Ајова. Според американски медиуми на фармата има околу пет милиони птици. Тие се 10 отсто од кокошките несилки во Ајова, држава една од главните доставувачи на јајца во САД.

Тоа е најголемо жариште на епидемија откако птичји грип беше регистриран во државата од почетокот на годината.

Епидемија веќе има во Арканзас, Ајдахо, Канзас, Минесота, Мисури, Монтана, Северна Дакота, Орегон, Јужна Дакота, Вашингтон и Висконсин.

Во Ајова заразените птици се од фарма крај градот Харис.

Во Висконсин се инфицирани 326 илјади птици и таму е прогласена вонредна состојба што дава право властите да побараат помош од Националната гарда за спречување на ширење на епидемијата.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас