Првите сто американски војници пристигнаа на источната граница на Романија

Од:

Првите американски сили пристигнаа во Романија како засилување на НАТО сојузниците во источното крило, по трупањето руска војска на границата со Украина, изјави денеска романскиот министер за одбрана Василе Динчу.

– Американците пристигнаа, рече тој. – Повеќе од 100 војници на специјалните сили на САД се подготвуваат заедно со нашите експерти за логистика, што значи дека нема да помине долго пред да пристигнат останатите војници, додаде Динчу, појаснувајќи дека првите 100 американски војници се во Романија и се ангажирани во логистика.

САД испраќаат близу 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија за да ја заштитат Источна Европа од потенцијалното прелевање на украинската криза, јави Хина.

Пентагон соопшти дека ќе ја премести ескадрилата „Страјкер“ од околу 1.000 американски војници од Вилсек, Германија, во Романија. Што се однесува на Полска, таму војници почнаа да пристигнуваат во саботата.

Соединетите Американски Држави во моментов имаат околу 900 војници во Романија, членка на НАТО од 2004 година, која има и систем за одбрана од балистички проектили, при што дел се од силите на НАТО, а дел се таму под посебни билатерални аранжмани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Претседателски избори во Романија

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп