Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Од:

Според израелските медиуми, повикувајќи се на израелско и американско разузнавање, десетици беспилотни летала се лансирани од Иран до Израел, според проценките, на беспилотните летала им требаат неколку часа да поминат толкаво растојание.

 

Израелските власти велат подготвени се да се справат со иранските беспилотни летала штом пристигнат.

Небото над Блискиот исток е затворено. „Ирак го затвори својот воздушен простор“, соопшти Министерството за транспорт на земјата.

„Целиот воздушен сообраќај е привремено суспендиран“, се додава.

И Јемен го затвори својот воздушен простор, а како што може да се види на радарот за летови, целата област на Блискиот Исток е празна и авионите ја заобиколуват.

Во вечерните часови, на 1 април, израелските воздухопловни сили ја погодија зградата на иранскиот генерален конзулат во главниот град на Сирија, Дамаск. Министерството за одбрана на Сирија појасни дека зградата на иранскиот конзулат била целосно уништена во нападот на Израел.

Тогаш иранскиот амбасадор во Сирија изјави дека Техеран ќе одговори на нападот од Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“