Првата дама на Северна Кореја се појави првпат во јавноста оваа година

Од:

Првата дама на Северна Кореја Ри Сол-џу се појави во јавноста првпат оваа година поради свеченоста, со која се одбележува роденденот на основачот на земјата, Ким Ил-сунг.

Ри Сол Џу стоеше покрај својот маж Ким Џонг-ун вчера за време на фудбалски натпревар, јави севернокорејската Централна новинска агенција (КЦНА).

Натпреварот е дел од серијата манифестации, со кои се одбележува 103. роденден на дедото на моментално најмладиот лидер на Северна Кореја.

Северна Кореја го воспостави „Денот на Сонцето“, како дводневен државен празник, кога се одржуваат голем број свечености како уметнички перформанси, изложби, спортски случувања и аџилак до родното место на основачот на земјата.

Ри, која е поранешна членка на оркестарот Унхасу, последен пат е видена во јавноста во декември минатата година, кога таа и нејзиниот маж присуствувале на церемонијата на комеморацијата, со која е одбележала тригодишнината од смртта на Ким Џонг-ил, таткото на младиот лидер.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он