Прва вселенска мисија на „СпејсИкс“

Од:

Компанијата „СпејсИкс“ на милијардерот Илон Маск ќе се обиде утре да испрати четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС), во рамки на првата мисија на НАСА во која ќе се користи приватно произведено летало за превоз на луѓе.

Лансирањето на капсулата, наречена „Отпорност“, беше закажано за денеска од центарот на НАСА на Флорида, но е одложено поради силниот ветер.

Летот ќе трае осум часови и ќе биде првата оперативна мисија на „СпејсИкс“ на Илон Маск. Во неа ќе учествуваат тројца астронаути од САД и еден од Јапонија.

Пробниот лет со двајца членови на екипаж во август беше прв лет во вселената на астронаути на НАСА од американско тло по девет години.

Претставници на НАСА претходно оваа недела го одобрија конечниот дизајн на капсулата, со што е завршена развојната фаза на „СпејсИкс“ во рамки на јавно-приватната програма на агенцијата, која трае речиси 10 години.

НАСА во 2014 година потпиша договори со „СпејсИкс“ и „Боинг“ за развој на конкурентски вселенски капсули со цел да ја замени својата програма, која заврши во 2011 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Историски лет на најмоќната ракета во светот: „Старшип“ на Маск изведе невеојатен потфат

Катерина Ѓуровски

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Момент за паметење: Првата прошетка во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ