Прва средба на Обама со Нетанијаху по кризата во односите околу Иран

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху разговараа во Вашингтон, на првата нивна средба по кризата во американско-израелските односи, предизвикана од нуклеарниот договор на меѓународната шесторка, предводена од САД, и Иран.

Двајцата политички лидери, на средбата во Белата куќа се согласија дека не се откажуваат од изнаоѓањето мирно решение за Блискиот Исток.

Пред разговорите, претседателот Обама објасни дека ќе побара од својот гостин, премиерот Нетанијаху. да се спуштат сегашните тензии меѓу Палестинците и Израелците, како и дека е потребно двете страни одново да се вратат на патеката за создавање мир.

Израелскиот премиер ја подвлече својата определеност за мирното решение, со создавање на две држави (Израел и Палестина) една, покрај друга.

Освен за состојбите во израелско-палестинските односи, Обама и Нетанијаху разговараа и за прашањата околу примената на нуклеарниот договор со Иран и за актуелната ситуација во Сирија.

Израелскиот премиер исто така бара од Вашингтон зголемување на годишната американска воена помош, за очувување на израелската безбедност. Според медиумите во Израел и во САД, Нетанијаху побарал воената помош од сегашните 3,1 милијарди долари годишно да се зголеми на пет милијарди.

Сегашната посета на премиерот на Израел во американскиот главен град, доаѓа во време на неколкунеделните судирања на Палестинците и израелските безбедносни сили, по серијата напади со нож, но и со огнено оружје, врз израелски полицајци, војници и цивили.

Шестмина Израелци беа повредени во неделата при еден таков напад, а вчера израелските безбедносни сили застрелаа една Палестинка, кога таа се обиде со нож да убие полицаец.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски