Американскиот претседател Барак Обама и пранешниот прв голфер на светот, Тајгер Вудс, првпат вчера одиграа заедничка партија голф на приватниот терен во Палм Ситиј, на Флорида.
Потпаролот на претседателот потврди дека Обама, кој е страствен голфер, играл со Вудс, кој во кариерата освоил 14 мастерси.
Резултатот од натпреварот, кој со уште неколку натпреварувачи се играше на 18 дупки на приватниот голф клуб Флоридијан, не е соопштен.
Вудс е првиот Афроамериканец кој освоил мастер турнир. Обама претходно го имаше примено во Белата куќа, но ова им беше прва партија голф.
Вудс (37) денес е втор голфер во светот, после Рори Мекилрој.
Новинарите кои редовно го следат Обама, синоќа протестираа поради тоаа што не им беше дозволено и сега тоа да го направат, ниту за време на неговиот тридневен престој на голф клубот на Флорида, па тие немаат фотографии од настанот.
Новинарите беа незадоволни и поради тоа што спортскиот новинар кој следи голф, Тим Розафорт, прв на Твитер ја објави информацијата за партијата голф на претседателот и Вудс. Белата куќа потоа издаде соопштение за голф натпреварот.