Прва јавна егзекуција во Авганистан откако талибанците ја презедоа власта

Од:

Талибанските власти егзекутираа Авганистанец осуден за убиство – прва јавна егзекуција откако талибанците ја презедоа власта минатата година.

Егзекуцијата беше извршена во западната провинција Фарах пред неколку стотици луѓе и пред бројни талибански претставници, изјави Забинула Муџахид, портпарол на талибанската влада.

Тој рече дека одлуката за извршување на смртната казна била донесена „многу внимателно“, откако била одобрена од трите главни судови во Авганистан и врховниот водач на талибанците Мула Хаибатула Ахунџада.

Егзекутираниот Авганистанец беше осуден за убиство на маж пред пет години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Експлозија во Кабул во близина на зградата на министерството, најмалку двајца загинати, 12 ранети

Ана Ололовска

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Снежно невреме во Авганистан: Најмалку три лица загинаа, меѓу кои и едно дете

ВИДЕО: Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан

Ана Ололовска

Најмалку 157 Авганистанци починаа од студ

А1он

Талибанците во Авганистан камшикуваа девет мажи на стадион

А1он