Прв гувернер на Џакарта од кинеско потекло

Од:

По победата на Јоко Видодо на претседателските избори во Индонезија, неговата досегашна функција гувернер на провинцијата Џакарта утре ќе ја преземе вицегувернер Басуки „Ахок’’ Ќахаја, кој не е од малајско етничко потекло, ниту е муслиман.

 Тоа е првпат во историјата на Индонезија за шеф на главната провинција и 21 милионската Џакарта да биде поставен човек со кинеско етничко потекло, што до крајот на минатиот век беше незамислива претпоставка.

Припадниците на кинеското етничко малцинство во времето на дикататурата на Сухарто беа и формално избришани од списокот на жители на Индонезија, најмногу поради ставот дека тие, со поддршка на Пекинг, во далечната 1968 година сакале да извршат државен удар и да прогласат комунистички систем. Обидот го спречи армијата, на чело со тогаш младиот генерал Сухарто, кој го собори популарниот Сукарно и воспостави три децениски режим на речиси тотална воена управа во Индонезија.

Неколку дена пред официјалната инаугурација на новиот гувернер, кого сите го ословуваат со прекарот Ахок, дел од порадикалната муслиманска популација во Џакарта најави големи протести, но новиот гувернер им порача дека нема изгледи тој да даде оставка под притисок на улицата.

За него, а и за главниот град на Индонезија е збачајно што ја има поддршката и довербата на новиот претседател Јоко Видодо, со кого на планот на политиката успешно соработува дваесет години.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски