Прв голем протест против евентуален напад на Сирија во Вашингтон

Од:

Вашингтон вчера го виде и првиот поголем протест против евентуланиот напад на Сирија, на кој неколку стотици Сиријци, поддржувачи на сирискиот претседател Башар ел Асад, маршираа меѓу Белата куќа и Конгресот носејќи негови слики.

– Бунтовниците се виновни за хемискиот напад. И САД, и НАТО и ЦИА. Тие ја знаат вистината, тие им наредија на бунтовниците да го направат тоа, сите знаеме зошто го направија тоа, само лажат, изјави за МИА еден од учесниците на протестот.

Помали протести против војната се организираат во повеќе американски градови, каде групи сириски демонстранти добиваат поддршка и од Американци кои се против војната.

– Мислам дека повеќето од американската јавност веќе се противи на оваа војна, затоа нема поголеми протести. Јавноста веќе ги знае фактите. Мислам дека нападот го извршија бунтовниците, а не Владата на Асад, нема логика за нив да го сторат тоа, изјави Американец, учесник на протестите.

Американските власти тврдат дека имаат апсолутно цврсти докази дека армиски единици под контрола на Асад намерно ги нападнале цивилите во дел од Дамаск под контрола на бунтовниците.

Протестите продолжуваат и денеска со голем собир на републиканската група „чаенка“ пред Конгресот, планиран како акција против здравствените реформи на Обама, но предводен од крилото републикански сенатори кои се противеа на нападот врз Сирија.

Утре, пак, на годишнината на 11 септември, во Вашингтон се предвидени два големи собири. Од една страна е планираниот собир на кој се очекуваат илјадници моторџии, од сите делови на САД, кои побараа дозвола да поминат низ градот во голема колона. Градските власти го одбија ова барање, но моторџиите, кои инаку редовно се собираат во Вашингтон да изразат поддршка за американската армија на Меморијалниот ден во мај, најавија дека и без дозвола ќе го преплават Вашингтон.

Од друга страна, Американско-муслиманскиот политички акциски комитет организира марш кој првично беше најавен под името „Марш на милион Муслимани“ пред Конгресот.

Двете групи ќе бидат на просторот меѓу Белата куќа и Конгресот, на денот кога САД одбележуваат годишнина од терористичките напади врз кулите близначки во Њујорк и Пентагон, но и стравуваат од нови напади.

Се очекува, иако поделени, учесниците на моторџискиот собир да ги поддржат американските сили во напад врз Сирија, додека организаторите на муслиманскиот собир велат дека протестираат против нападот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас