Советничкиот тим на претседателот на Индонезија Јоко Видодо, составен од поранешни угледни пратенци, соопшти дека денеска му препорачал на шефот на државата да се откаже од номинацијата на полицискиот генерал Буди Гунаван за нов шеф на националната полиција.
Именувањето на Гунаван е доведено под знак прашање по сомнежите искажани од влијателната Агенција за борба против корупцијата, според кои предложениот полициска генерал е осомничен за примање мито.
На овие тврдења индонезиската полиција реагиташе со апсење на вториот човек на Агенцијата за антикорупција со обвинение дека во 2.009 година дал лажен исказ во истрага водена во Уставниот суд.
Одлуката на полицијата да спроведе политика „ заб за заб ’’ предизвика застој во работата на Агенцијата за антикорупција, но и бура во индонезискиот Парламент во кој се во мнозинство пратениците од партиите што не го поддуваа Видодо на минатогодишните претседателски избори.
Претседателот Видодо, веројатно очекувајќи дека најмалку 50 пратеници кои најавија дека ќе преминат во неговиот блок и ќе му обезбедат мнозинство, до сега не сакаше да ја коментира, ни да ја повлече кандидатурата за новиот шеф на националната полиција. Објавената препорака на неговиот советнички тим најверојатно е порака дека во Индонезија ќе се бара друга личност за прв човек на полицијата.