Протести во Шкотска против британското нуклеарно оружје

Од:

Околу две илјади луѓе учествуваа во демонстрациите против британското нуклеарно оружје во Шкотска.

Демонстрантите кои носеа шкотски знамиња и транспаренти против ова оружје за масовно уништување, протестираа пред влезот на базата Фаслејн.

Оваа база се наоѓа во шкотската област Клајд, каде се стационирани британските подморници на атомски погон кои се вооружени со нуклеарниот ракетен систем „Трајдент“.

Демонстрантите бараа повлекување на нуклеарното оружје од шкотската територија и тврдеа дека за тоа ја имаат подршката на пошироката јавност во Шкотска, како и на владата во Единбург.

Претставник на локалната полиција изјави дека протестите поминале мирно и дека никој не е уапсен.

Владата на сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП) од нејзината прва изборна победа во 2008 година, агитира против нуклеарното оружје на шкотската територија.

Во текот на кампањата за референдумот за независност на Шкотска, што се одржа на 18 септември, поранешниот лидер на СНП и тогашен шкотски прв министер Алекс Салмонд, им ветуваше на гласачите дека „независна Шкотска“ ќе биде без атомско оружје и најави дека веднаш по „отцепувањето“ ќе почне преговори со Лондон околу повлекувањето на „Трајдент“ системот и негово префрлање на друга локација во Англија.

Еден од лидерите на демонстрантите, Флоријан Хансен од Партијата на зелените, изјави дека откако пред повеќе години се забранети биолошкото и хемиското оружје, сега е време таква меѓународна забрана да се донесе и за нуклеарното.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски