Протести во Неапол поради посетата на Матео Ренци

Од:

Италијанската полиција употреби солзавец и водени топови против демонстрантите во Неапол кои протестираа поради посетата на италијанскиот премиер Матео Ренци.

Ренци, во третиот по големина италијанска град, беше пресретнат од околу 1.500 луѓе кои фрлаа камења и се обидеа да го пробијат полицискиот кордон.

Посетата на Ренци на Неапол беше со цел да се разгледа деталниот урбанистички план и поранешната индустриска зона Бањоли. Демонстрантите тврдат дека урабанистичкиот план не бил разгледан од локалните власти.

Демонстрантите носе голема кукла со ликот на италијанскиот премиер како Пинокио и скандираа „Ренци оди си“.

При протестите повредени се четворица полицајци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески