Протести во Лондон против британско вклучување во нападите врз ИД во Сирија

Од:

Неколку стотици лица денеска се собраа на протест пред Кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон во Лондон, за да го искажат своето противење на приклучувањето на авиони на Кралското воено воздухопловтсво (РАФ) во воздушните напади врз позициите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија.

Демонстрантите собрани пред Дауниг стрит 10 извикуваа „Не ја бомбардирајте Сирија“. Според британските медиуми, слични протести се одржани и во други градови во Велика Британија.

Протестите се одржуваат во пресрет на гласањето во Долниот дом на британскиот Парламент за вклучување на авионите на РАФ во нападите врз ИД во Сирија.

Британските авиони досега учествуваа во нападите на меѓународната антиџихадистичка коалиција, предводена од САД, во Ирак, но премиерот Камерон во четврокот побара од Парламентот да одобри проширување на мисијата на РАФ и во Сирија.

– Мораме да ги погодиме терорисите во нивниот центар, порача Камерон.

Во пресрет на гласањето во Парламнетот дојде до поделба во опозициската Лабуристичка партија во однос на ова прашање. Лидерот на лабуристите Џереми Корбин остро се спротивстави на вклучувањето на британските авиони во воздушните напади во Сирија, но многу лабуристички пратеници најавија дека ќе го поддржат предлогот на Камерон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он