Протести во Иран поради егзекуцијата на шиитскиот свештеник

Од:

Студентите на муслиманската верска настава денеска организираа протестен марш во светиот ирански град Кому во знак на протест поради егзекуцијата на истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр.

Десетици луѓе со турбани на глава и облечени како шиитските свештеници маршираа низ Кому носејќи фотографии на погубениот ал Нимр.

Во Саудиска Арабија денеска се егзекутирани 47 луѓе осудени за тероризам, вклучително и ал Нимр, кој беше централна личност во 2011 година во демонстрациите против режимот во Саудиска Арабија, инспирирани од Арапската пролет.

Во меѓувреме Иран  изрази протест до Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран поради погубениот шиитски свештеник.

Егзекуцијата на Нимр може да поттикне демонстрации на шиитите, кои се малцинство во Саудиска Арабија, и се концентрирани во источниот дел на земјата и во Бахреин.

Ал Нимр жестоко ја критикуваше Владата на Бахреин која ги задуши протестите на шиитите во 2011 година.

Амнести интернешнел  убиството на свештеникот го оцени како дел од кампањата на саудиските власти за сузбивање на противниците.

Пред апсењет во 2012 година ал Нимр изјави дека народот не сака владетели кои убиваат демонстранти.

Саудиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека поголемиот број егзекутирани биле вклучени во нападите на Ал Каеда од 2003 до 2006 година.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски