Протести во Будимпешта против Владата на Орбан

Од:

Во Будимпешта денеска протестираа илјадници граѓани против новиот закон за работа и, како што наведуваат, „авторитативната Влада на националистичкиот лидер Виктор Орбан“.

Денешните протести под името „Среќен Божик на господинот премиер“ се четврти по ред во последната недела, што ги организираат левичарските опозициски партии, група студенти и граѓани кои се против Владата на Виктор Орбан.

Партијата на Орбан, Фидес, реагирајќи на протестите во земјата, вчера соопшти дека „се поочигледно е дека учесниците на протестот се криминалци организирани од мрежата на Џорџ Сорос“.

Со новиот закон за работа на работодавачите им е дозволено да бараат до 400 прекувремени часа работа годишно, поради што критичарите го нарекоа „закон за робови“.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

Орбан тврди дека ќе бидат потребни најмалку 100 години за да се исправи историската грешка кон Русија

Орбан: АфД е иднината на Германија

Горан Наумовски

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Путин, за разлика од Брисел, секогаш ги одржувал своите ветувања