Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија не го поддржува новиот пакет помош на Европската Унија за Украина во износ од 20 милијарди евра.

„Унгарија, се разбира, не го поддржува овој предлог и ние не сме подготвени да учествуваме во него. Нема да дозволиме парите на унгарскиот народ да се трошат за понатамошни испораки на оружје и со тоа да го продолжиме конфликтот“, рече Сијарто по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Сијартo на Фејсбук објави дека Унгарија нема да се согласи на никакви чекори за пристапување на Украина во ЕУ додека не се вратат правата на унгарската национална заедница во Закарпатија.

Во Брисел се одржа состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој се разговараше за војната во Украина, односите ЕУ-САД, ситуацијата на Блискиот Исток, Иран и Сирија.

Би можело да ве интересира

Маѓар: Унгарија нема да испорачува оружје за Украина

(ВИДЕО) Унгарскиот премиер Петер Маѓар испрскан со вино

А1он

Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Унгарија и по Орбан сака да одржува конструктивни односи со Русија

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили