Околу 45.000 луѓе денеска учествуваа во протестите во Брисел во знак на поддршка на независноста на Каталонија, соопшти белгиската полиција.
Протестите се на повик на две асоцијации кои се залагаат за заштита на идејата за независност на шпанската автономна област.
Првично, организаторите изјавија дека очекуваат на протестот да се приклучат околу 20.000 луѓе.