Протести во Азербејџан поради „лошата и неквалитетна“ градба на станбени згради

Од:

Илјадници Азербејџанци учествуваа на демонстрации во Баку поради „лошата и неквалитна“ градба на станбени згради, како и поради употребата на лесно запалливи и пластични материјали во новоизградените објекти во главниот град на земјата.

Јавното незадоволство избувна по големиот пожар во еден нов, станбен блок од 16 ката, при што загинаа 15 лица, а други триесетина беа повредени. Меѓу жрвите има и деца, а еден од загинатите починл, скокајќи од прозорецот на својот стан.

Азербејќанскте власти покренаа истрага за пожарот во новоградбата и го уапсија директорот на градежната компанија.

Демонстрантите бараат од властите да обезбедат подобар квалитет во изградбата и казнување на виновниците за големиот пожар.

Една опозициска интернет страница, во меѓувреме, објави фотографии на кои се гледа дека претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев свечено ја пуштил во работа фабриката за производство на пластични панели, сопственост на компанијата што го градела станбениот блок во кој загинаа 15 лица.

Последниве години, благодарејќи на приходите од нафтата и гасот, земјата, а посебно главниот град Баку, доживуваат препород и силен „градежен бум“. Старите згради и оние изградени во време на Советскиот Сојуз, се уриваат за да се иаградат модерни облакодери.

Трагичниот инцидент со пожарот доаѓа на само три недели пред стартот на Европските игри, што ќе започнат во Баку на 12 јуни.

Би можело да ве интересира

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска

Објавена снимка од надзорната камера: Со „калашников“ пукаше кон амбасадата на Азербејџан во Иран, убиен чувар

А1он

ОН повикаа да се спречи обновувањето на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан

А1он

Романија, Азербејџан, Грузија и Унгарија потпишаа договор за подводен кабел за пренос на зелена енергија преку Црното Море

Ана Ололовска