Протести пред домот на францускиот министер за земјоделство

Од:

На самиот ден кога во Париз се отвора еден од најголемите светски саеми на агрокултурата, француските земјоделци одлучија да протестираат против однесувањето на супермаркетите кон нив, јавува дописникот на МИА од Париз.

Околу три часот изутринава, 12 трактори се упатиле кон домот на министерот за земјоделие Стефан Ле Фол во Бериан во Финистер. На 150 метри од неговиот дом, тие биле запрени од жандармеријата, по што истуриле од приколиците земја и десетина колички од супермаркетите.

Во текот на минатата ноќ имало повеќе протести на земјоделци, пред се одгледувачи на млечни крави кои протестирале во локаланите супермаркети во Бретања поради нивниот однос кон производителите на млеко, истурајќи отпад и кршејќи колички. Нивните протести не се организирани од синдикатот.

Овие протести се продолжување на акциите водени од почетокот на неделата, кога околу 200 производители на млеко демонстрираа во Кампер при што дојде до нереди и уништување на улични инсталации, при што направена штета се проценува на околу 230.000 евра.

Утрово во Париз, претседателот Франсоа Оланд на отворањето на Меѓународниот земјоделски саем во Париз најави вонредна помош за прозводителите на млеко, кои се соочуваат со големи тешкотии поради зголемената цената на храната.

Оланд по скандалот со коњското месо најави дека ќе бара „задолжително етикетирање“ на месото кое се наоѓа во претходно подготвените јадења, со што потрошувачите ќе бидат информирани за потеклото на месото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили