Протести на десничарите во Брисел

Од:

Десничарски активисти се собраа денеска на главниот бриселски плоштад, откако организаторите на Маршот против стравот го одложија митингот поради безбедносни причини, пренесе Танјуг.

На бриселскиот плоштад што во изминатите денови беше место на сеќавање на жртвите на бомбашките напади денеска се собраа мажи во црна облека со качулки на главите кои извикуваа слогани и носеа знамиња против Исламска држава.

На плоштадот се наоѓа и полиција за сузбивање на демонстрациите која се придружи на полицајците во настојување со водени топови да ги растера демонстрантите од плоштадот.

Како што пренесува Си-ен-ен, демонстрантите извикувале нацистички пароли и поздрави.

brussels2-S1_1049138S1

Во меѓувреме, белгиската полиција изврши денеска 13 рации во Брисел и во уште два града и притоа уапси четири лица во рамки на истрагата по бомбашките напади во Брисел, соопшти обвинителството.

Канцеларијата на федералниот обвинител во соопштение наведува дека вкупно се приведени девет лица „во контекст на терористичкиот случај“ на испитување.

Четири лица се задржани во притвор, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски