Неколку илјади демонстранти одржаа протестен марш во богат бизнис кварт во најголемиот бразилски град Сао Паоло, против преземените градежни работи за Светското фудбалско првенство, што според нив, оставиле многу луѓе без домови.
– Не сакам Светско првенство во Бразил, сакам покрив над главата, извикуваа демонстрантите и ја повикуваа Владата да им обезбеди домови на оние кои биле „протерани“ од своите куќи поради растечките цени на недвижниот имот.
Протестниот марш помина мирно и покрај тоа што го наруши сообраќајот и некои продавници беа принудени да ја запрат работата.
Светското фудбалско првенство во Бразил почнува за три недели.