Протест во Лондон против Брегзит

Од:

Илјадници граѓани се очекува да излезат на улиците на Лондон денеска, во знак на протест против британското напуштање на Европската Унија.

Организаторите на таканареченото „Народно гласање“ ја обвинуваат Владата на Тереза Меј за хаотично водење на преговорите за напуштање на ЕУ и за занемарување на интересите на граѓаните на Британија.

На протестот ќе се обрати лидерот на Либерално-демократската партија Винс Кејбл, Керолин Лукас од Зелената партија, а ќе зборува и Девид Леми, висок претставник на Лабуристичката партија, која има поделен став по прашањето на Брегзит-от.

Организаторите ја поканија и Ен Саубри, европратеничка од владејачката Конзервативна партија, каде исто така има поделби по ова прашање.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он