Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

Од:

Пред Амбасадата на Германија во Москва денеска се одржа протест против одлуката на германските власти за затворање на Рускиот дом во Берлин, јави руската агенција РИА Новости.

Учесниците на протестот изразија несогласување со политиката на германската влада, носејќи транспаренти со пораки „Да за културата! Не за забраните!“ и „Демократијата завршува таму каде што се затвораат вратите на културата“.

Демонстрантите извикуваа и „Гете во Москва, Пушкин во Берлин“, повикувајќи руската култура да не биде предмет на политички мерки. Тие порачаа дека рускиот јазик и руските книги не претставуваат закана за Германија.

Од протестот беше упатен и повик за заштита на културата од политички притисоци.

„Се собравме овде за да покажеме дека ни е грижа за руската култура во другите земји, бидејќи сакаме другите народи да ја изучуваат нашата култура, исто како што сакаме ние да ги внесеме културите на другите земји во нашето општество“, изјави еден од учесниците на протестот.

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул на 1 септември соопшти дека Германија на 18 септември ќе го затвори Генералниот конзулат на Русија во Бон и ќе го раскине договорот за активностите на Рускиот дом во Берлин.

Руското Министерство за надворешни работи ја оцени одлуката како чекор кон дополнително влошување и уништување на односите меѓу двете земји.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пак, изјави дека Москва ќе одговори на одлуката со затворање на филијалите на Гете-институтот во Русија.

Рускиот дом во Берлин со години претставува место за културни и образовни активности, а неговото затворање дополнително ги нагласува влошените односи меѓу Москва и Берлин.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски