Протече доверлив документ од Ирска: Претставници на ЕУ сметаат дека Велика Британија е конфузна и хаотична

Од:

Доверлив документ на владата на Ирска протече во јавност, а во него се вели дека официјални претставници на ЕУ сметаат дека пристапот на Велика Британија во преговорите околу Брегизт е конфузен и хаотичен.

Извештаите кои што ги содржи протечениот документ биле од ирски дипломати од земји членки на ЕУ.

Чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Дур вели дека му е жал за британските дипломати кои се обидуваат да пренесат кохерентна порака, додека дома имаат хаос.

Според документот, британскиот судија во Европскиот суд на правдата, Јан Форестер, на состанок во Луксембург се пожалил на квалитетот на политичарите во Вестминистер, а претставник на летонската Влада кажал дека најголем проблем е политичката ситуација во владата на Велика Британија.

Се уште нема коментар за документот од страна на министерството за надворешни работи на Ирска.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел