Проработе вулканот од „Господарот на прстените“

Од:

Вулканот на планината Тонгариро на Нов Зеланд по првпат во последните 100 години, во ноќта меѓу понеделник и вторник почна да исфрла камења и потенок слој пепел неколку километри наоколу.

Сместен на планината Тонгариро, вулканот се наоѓа во рамки на националниот парк кој често го посетуваат туристите, особено откако славниот режисер, оскаровецот Питер Џексон, тука ги сними сцените за познатата филмска трилогија „Господарот на прстените”.

Вулканот на планинскиот масив во централниот дел на Северниот остров проработе на 7 август околу полноќ, а според изјави на очевидци, се слушнале неколку експлозии и се појавил облак чад и пепел од новата дупка што се појави на планината.

Станува збор за ерупција што ги изненади научниците бидејќи вулканот мирувал повеќе од еден век. Благата сеизмичка активност во подножјето на планината беше регистрирана со недели наназад, но научниците немаа никакви индикации дека вулканот би можел да се активира.

Полицијата соопшти дека немало повредени и дека не е причинета штета, но дека работи на проверка на зафрлените области.

Во соопштението на цивилната одбрана се наведува дека ерупцијата, прва по 1897 година, не предизвикала лава, туку дека само дошло до исфрлање на пепел до висина од 6.100 метри, заради што неколку десетици летови беа откажани. Иако евакуација не беше наредена, на локалното население му се препорачува да остане во своите домови и да не ги отвара прозорците и вратите.

Автопатиштата на Северниот остров во понеделник вечер беа затворени заради лошата видливост, а од утрово повторно се отворени за сообраќај.

Премиерот на Нов Зеланд Џон Кеј изјави дека властите внимателно ја следат ситуацијата.
Нов Зеланд лежи во таканаречениот „пацифички огнен прстен”, каде што доаѓа до судирање на тектонските плочи што доведува до земјотреси и ерупции на вулкани.

Научниците сметаат дека вулканот би можел со недели да биде активен како и дека ерупциите би можеле повремено да се јавуваат, заради што внимателно ќе ја следат целата ситуација.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето