Пронајдено е телото на киднапираната милијардерка

Од:

Цела Америка е шокирана од случајот со киднапирањето на милијардерката Елиза Флечер, а полицијата веќе објави дека нејзиното тело е пронајдено.

Идентификацијата е во тек, соопшти полицијата во Мемфис, а причината за смртта засега не е потврдена.

Флечер (34), учителка и мајка на две деца, потекнува од богато семејство кое основало приватна компанија вредна 3,2 милијарди долари. Таа исчезна во петокот додека џогирала, а видеото од киднапирањето на милијардерот го обиколи светот.

За време на викендот, осомничениот Клиота Ебстон беше уапсен, а беше идентификуван врз основа на видеото на кое се гледа како тој трча до Елиза и ја турка во возило по кратка борба. Тој е обвинет за киднапирање, но мотивот засега е непознат. Во неговиот автомобил биле пронајдени траги од крвта на Флечер.

Телото, кое сè уште не е потврдено дека е на Елиза, било пронајдено на помалку од една милја од местото каде што Ебстон бил забележан како го мие автомобилот користен во киднапирањето. Неговото семејство објави дека тој се однесувал многу чудно во текот на викендот, а претходно одлежал 20 години затвор за уште едно киднапирање. Соседите за американските медиуми го опишаа како „чуден“ и „манијак“.

Би можело да ве интересира

Во САД има се повеќе „сајбер киднапирање“: Последната жртва е млад Кинез

Паунов до Спасовски: Наместо брза реакција демантиравте, со нервоза и потење пред камери граѓаните не се чувствуваат безбедни

Спасовски: Уапсен е извршителот на убиствата, сторивме се за фаќање на овој монструм

Александар Тодески

Љупчо Палевски уапсен во Турција

Александар Тодески

Заврши исказот на таткото на Вања: Негира дека давал информации на Палевски

Александар Тодески

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ