Пронајден експлозив во близина на куќата на кипарскиот претседател

Од:

Во близина на летната куќа на претседателот на Кипар Димитрис Христофијас полицијата денеска пронајде 1,36 килограми експлозив ТНТ.

Претставникот на полицијата Андреас Ангелидес изјави за новинарите дека експлозивот и детонаторот, подготвени за употреба, биле пронајдени на околу половина километар од летниковецот на претседателот.

Експлозивот бил скриен под едно дрво, околу 15 метри од главниот пат што води кон вилата на претседателот, во близина на јужниот крајбрежен град Лимасол.

Ангелидес рече дека експлозивот бил пронајден по дојава, а според државното радио, детонаторот можел да се активира од далечина.

Во вестите се истакнува дека претседателот планирал да го посети домот во попладневните часови, но му било кажано да не оди таму додека полицијата не заврши со истрагата.

Политички мотивирани напади во Кипар се реткост, но поради рецесијата, Христофијас и неговата влада станаа непопуларни.

Христофијас е првиот претседател на Кипар кој нема да се кандидира за реизбор, кога на островот се спроведуваат изборите во февруари.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар