Меѓународниот тим на археолозите пронајде 1.600 години стар храм на Маите, посветен на „ноќното сонце“, на врвот на пирамидална гробница во шумите во северна Гватемала, во близина на границата со Мексико.
„Сонцето е клучен елемент кај Маите. Тоа е нештото што се раѓа секој ден и продира во секој дел“, рече археологот Стивен Хјустон.
Археолозите велат дека храмот најверојатно е изграден во чест на водачот, закопан во пирамидалната гробница Дијабло, основачот на првата Ел Сок династија под името ПаЧан.
Маите живееле на територијата на денешно јужно Мексико, Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор и Белиз. Најголема моќ имале меѓу 250-та и 900-та година од новата ера.
Според истражувањата, храмот е изграден некаде помеѓу 350-та и 400-та година.
Тимот од Гватемала и САД работи од 2006-та година.