Политика – Белград
Следниот крал на Саудиска Арабија ќе биде Мухамед бин Најеф, најдобар пријател на Америка во Ријад, нај упорен прогонувач на Ал Каеда и другите џихадисти од клучната сунитска држава на Блискиот исток и заговорник на тврд однос кон главниот саудиски ривал Иран. Со одлуката својот внук Бин Најеф да го постави за принц престолонаследник, како и со многу други неочекувани смени и поставувања во кралството во Ријад, кралот Салман се обидува да го зацврсти тронот, да обезбеди власт за своето владејачко семејство и да ги дефинира основите на саудиската политика за децении и децении откако ќе почине.
Тоа е втор пат Салман да повлекува стратешки кадровски рокади откако пред три месеци ја презема кралската позиција, проследено со жестоки гласини дека за таква функција сериозно е болен и со оценки дека на прагот на својата девета деценија од животот, нема сили од Саудиска Арабија да ги отстрани сите опасности кои ја снајдоа. Најголемиот светски извозник на нафта поради драстичниот пад на цената на тој енергент, се соочува со се поголем буџетски дефицит. Невработеноста и незадоволството растат, посебно меѓу младите. На Саудијците од северот им се заканува Исламската држава, јужниот сосед Јемен се распаѓа наспроти воената интервенција на Ријад, заканувајќи се во вртлогот да ја внесе и најбогатата со нафта саудиска провинција. Ал Каеда и Исламската држава настојуваат на Саудиска Арабија да и го одземат приматот меѓу сунитите, додека преку шиитите Иран го зголемува своето влијание во регионот.
Во состојба кога во неговата земја се загрозени и финанскиот извор и политичката доминација на Блискиот исток, кралот Салман повлече потег без преседан. Ја измени волјата на претходниот крал и го смени редоследот на наследството на тронот, доведувајќи го кормилото најблиску до себа, но и до најборбените претставници на младата генерација на владејачката Куќа на Сауд. Околу двете идни крунисани глави веќе се сконцентрирани клучни алки на моќ. Мухамед бин Најеф останува и министер за внатрешни работи, со контрола над полицијата и граничарите, додека Мухамед бин Салман, кралскиот син е именуван за заменик принц престолонаследник, т.е. следен на ред за тронот и ќе го задржи портфељот за одбрана и местото претседател на комитетот за стопанство и развој.
Покрај новиот шеф на разузнувачката служба, кој исто така е доведен по волја на кралот Салман, тие двајца треба многу да сметаат и на новиот министер за надворешни работи, Абдел ел Џубеира, довчерашен амбасадор во Америка, кој го замени принцот Сауд ел Фајсал, човек кој четири децении ги обликуваше односите на Ријад со странство. Џубеир е и прв саудиски шеф на дипломатијата кој не е со кралска крв, но до сега бил исклучително лојален на сите владејачи на кои служел и исклучителен познавач е на приликите во главниот западен сојузник на Америка, Ријад, што е посебно важно во момент кога Саудијците се плашат дека Вашингтон се оддалечува од нив и ги нормализира своите односи со Иран.
Во повторното привлекување на Америка во најцврста прегратка мора да биде драгоцен и идниот крал. Освен што е школуван во САД, Бин Најеф со Американците се зближил успешно истерувајќи ја Ал Каеда по 11 септември, од својата земја. Го почитуваат западните разузнавачи и ужива голем углед меѓу Саудијците.
Привлекувањето на поддршката од разни страни добро му оди: важи за политички прагматичар, кој не се држи до одредена идеологија, па така негува добри односи со најцврстите конзервативци, но остава впечаток дека може да се приклони и кон реформистите. До сега, сепак, не покажал ниту малку толеранција кон критичарите на режимот, туку како министер за внатрешни работи, без двоумење ги фрлал зад решетки.
Наследникот на Бин Најеф, принцот Мухамед бин Салман, има искуство во корпоративното раководење, меѓународните финансии и организација на образовниот систем, што се вештини потребни на Саудиска Арабија, која падот на цената на нафтата ја бутка кон реформи во образованието и стопанството, т.е. кој диверсификација на изворите на приходите. Ќе ги контролира и промените во државната нафтена компанија Арамко, која ќе биде одвоена од министерството за нафта. Беше клучен и во разни хуманитарни акции и изградбата на социјални станови, што е добра позадина за стекнување на доверба и меѓу сиромашните Саудијци. Бин Салман веќе со години служи како советник на својот татко, сегашниот крал, но познат стана дури откако како нов министер за одбрана кон крајот на март го презема водството над бомбардирањето на бунтовничките позиции во Јемен. И таа воена акција наговести пресврт во Саудиска Арабија кон поодлучна, пофлексибилна и идеолошки можеби и поконзервативна политика.
Бин Најеф има 55, а Бин Салман само 30 години, точниот датум на неговиот роденден не се знае, така тие двајца можат уште долго да ги водат Саудијците. Земајќи го предвид дека и порано важел за еден од најмоќните луѓе, како и староста на кралот Салман, Бин Најеф веројатно во догледно време ќе го преземе тронот. Иднината на Бин Салман можеби е нешто помалку извесна.
Титулата која ја доби тој, заменик принц престолонаследник, не ни постоела до пред две години, кога претходниот крал Абдулах ја основал и ја доделил на принцот Мукрину, сакајќи тој да ја добие круната по Салман. Беше тоа прв пат еден саудиски крал да се обиде преку својот наследник да одреди кој ќе го замени. Но, ни Салман не сметал на желбата на покојниот полубрат, па прашање е дали и неговата одлука престолот да го намени на синот Мухамед бин Салман ќе се почитува.
Правилата за наследство на кралството не се уредени: за основачите на државата, со кралот Абдулазиз од неговата смрт во 1953 година на врвот на Саудиска Арабија достигнаа еден по друг, шест негови синови, од околу 35 колку што ги имал, со нивното исто така бројно потомство, лесно е да се замисли колку на дворот во Ријад има функции кои треба да се држат под контрола. Кога Мухамед бин Најеф ќе дојде на тронот, власта првпат ќе припадне на некого од внуците на Абдулазиз.