Продолжуваа преговорите за иранската нуклеарна програма

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф синоќа во Виена ја имаа третата рунда преговори за надминување на 12-годишното несогласување за иранската нуклеарна програма.

Според неименувани извори се подготвуваат предлози, кои треба да бидат презентирани пред официјалните лица на двете земји.

– Разговорите продолжуваат, изјави неименуван американски дипломат, без да наведе детали.

Пред средбата Кери планираше да отпатува за Париз, но остана во Виена и третпат се сретна со Зариф.

Претходно, двете страни сооопштија дека постои големо меѓусебно несогласување. Зариф набеде дека „шесторката“ меѓународни посредници на преговорите во Виена не понудила „суштински предлози“.

Додека Белата куќа соопшти дека и понатаму постои длабок јаз меѓу страните во преговорите за иранската нуклеарна програма иако крајниот рок за постигнување на договор истекува в понеделник.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел